Црна хроника
Гинекологот Марјан Стојовски осуден на две години затвор
Гинекологот Марјан Стојовски кој беше раководител на операционите сали на Клиниката за гинеколгија и акушерство е осуден на две години затвор за примање поткуп и изречена му е забрана за вршење на професијата во траење од една година од денот на праводилноста на пресудата, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Ова е втора пресуда за гинекологот откако апелациониот суд покрај двегодишната казна затвор му изрече и забрана за вршење на дејноста, па покрај првичната двегодишна казна затвор Стојовски доби и забрана за вршење на дејноста во траење од една година.Стојовски, кој беше уапсен во 2010 година, како хирург-гиниколог во Клиниката за гинекологија и акушерство во неколку наврати од лице од Кичево побарал и примил 120 илјади денари за да ја оперира неговата сопруга, иако тоа му е обврска во рамки на работните задачи. Оштетениот во текот на минатата и оваа година ја носел сопругата на прегледи кај пријавениот, при што била констатирана дијагноза „тумор на матка“ и требало да и се изврши хируршка интервенција.Гинекологот ги известил пациентката и нејзиниот сопруг дека нејзината здравствена состојба е загрижувачка и се влошува, поради што е неопходна операција што е можно поитно, а за неа требало да платат 80 илјади денари, износ што подоцна го зголемил на 120 илјади денари.Осомничениот хирург барал парите за хируршката интервенција да му ги дадат лично нему, а тој „наводно“ ќе ја направел потребната уплата на сметка на клиниката.Сопругот на пациентката го пријавил случајот на 24 април 2010 година во Министерството за внатрешни работи по што се преземани мерки и активности за обезбедување докази за откривање на случајот и документирање на кривичното дело.Откако претходно технички биле обработени договорените за исплата 120 илјади денари, во три наврата од по 40 илјади денари, на 13 и на 20 минатиот месец и во петокот, сопругот на пациентката му ги предал парите, што било документирано./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

