Црна хроника
Гостиварец нападнат со остар предмет во дворот на својот дом
Педесетидеветгодишниот гостиварец Р.Ј. е тешко повреден од засега непознато лице кое го нападнало во дворот на неговата куќа во населбата Питарница, во Гостивар.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, во вторникот околу 21.15 часот непознато лице му пришло на Р.Ј. и со остар предмет му нанел две расекотини на лицето и вратот и една убодна рана во левата слабина.
„На помош на Р.Ј. веднаш му притрчале најблиските кои биле во куќата и со возило веднаш го пренеле во гостиварската клиничка болница каде што му била извршена хируршка интервенција, а подоцна поради сериозноста на повредите е пренесен на скопските клиники“, вели Јосифовски.
Според првичните информации Р.Ј. е вработен во Државниот универзитет Тетово.
Полицијата заедно со надлежен јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот и работат на пронаоѓање на сторителот, утврдување на мотивите за нападот и сите поединости поврзани со случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

