Црна хроника
Гостиварец со секира во вратот ја убил сопругата

Жител на гостиварското село Врапчиште со секира во вратот ја убил својата сопруга во спалната соба во семејниот дом.
Убиството се случило ноќеска околу полноќ. Сторителот на убиството е на возраст од 49 години, а неговата сопруга Елизабета А. била пет години помлада од него и имаат две полнолетни деца. Сопружниците подолго време биле во лоши брачни односи. Осомничениот по убиството сам се пријавил во полициска станица во Гостивар. На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и крим.техника. Јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта

Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата за случајот.
Црна хроника
Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден

Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков.
„Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Во две сообраќајки во Македонија вчера повредени пет тинејџери

Петмина млади луѓе се здобиле со повреди во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Куманово и Неготино.
Во првата, околу полноќ, на улицата 523“во Куманово, автомобил управуван од Н.М.(26) од селото Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово.
Втората несреќа се случила на патот Кавадарци-Неготино, кога патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.
Извршен е увид, соопшти МВР.