Контакт

Црна хроника

Хаџиски е 99 отсто сигурен дека не ја убил Јошеска

Објавено пред

И мајката на убиената Мери Јошеска плачеше додека обвинителството во своите завршни зборови детално опишуваше како обвинетиот Миле Хаџиски ја убил нејзината ќерка, и мајката на Хаџиски липаше додека Хаџиски пред судот велеше дека е најголемиот грешник во светот и дека го убедувале дека го извршил убиството.

dobivaj vesti na viber

Мајката на Јошеска го проколна Хаџиски неговиот живот да заврши со 40 убоди, исто како што заврши животот на нејзината тогаш дваесет и едногодишна ќерка.

„Со толку убоди да го заврши неговиот живот каде и да е, во затвор или на слобода. Од божјите раце да не избега“, рече мајката на Јошеска, Јелица Јошеска.

И по дваесет и две години од грозоморното убиство емоциите не стивнуваат, а за грозморниот чин има сé уште дилеми и нејасностии.На денешното рочиште во Основниот суд 1, обвинителството, одбраната и обвинетиот Хаџиски ги кажаа завршните зборови, а за во понеделник во 14 часот е закажана пресуда за овој случај.Додека обвинителството ги излагаше своите завршни зборови, Хаџиски со затворени очи цело време нешто мрмореше. Тој не призна дека го извршил убиството, туку рече дека е 99 отсто сигурен дека не е извршител на монструозниот чин, туку дека го убедиле дека тој ја имал главната улога.„Мери повеќе не е меѓу нас, не можам да ви ја опишам мојата тага и болка и товарот со којшто сум живеел сиве овие години. Кога би можел би го заменил своето место со неа. Ги разбирам тешките зборови на нејзиното семејство упатени кон мене. Знам дека тие се убедени дека јас сум злосторникот, дека сум ги ограбил и дека сум отишол да пијам во кафеани, дека моето семејство го промениле законот во тоа време, само да ми се овозможи да се бранам од слобода. И нив ги убедиле луѓе кои сакале да сокријат друга позадина што стои зад ова. И нив ги убедиле истите луѓе кои ме пречекаа во 1993 година во полициска станица и ми рекоа ‘Ти ли си од Хаџиски?’,рече обвинетиот.„Ме присилија на различни начини да потпишам десетици документи со кои го напишаа црното сценарио, со кои ми ја дадоа главната улога и ме убедија дека јас сум го сторил убиството. Ме убедија да ја напуштам државата со заплашувања и со фотографии од весници од претепани затвореници“, тврди Хаџиски.Во 1995 година, според него, по неговото излегување од затвор случајно почнал бунт во затворот „Идризово“. Но него го убедиле дека бунтот се дигнал поради неговото ослободување и му покажувале фотографии од претепани затвореници, кои би го претепале доколку се врати во затвор.„Тогаш бев млад и наивен. Тие сакаа да ја напуштам државата, а со тоа автоматски како да сум ја признал вината. Кога дознав дека сум осуден во отсуство, не затоа што не сакав, не можев да се вратам поради договорот со Легијата на странци. Но тогаш бев и постар и поискусен и знаев дека никој нема да може да ја најде вистината, дека веќе сум жртвен јарец. Не ми е криво што сум во затвор затоа што во последниве три-четири месеци преку мајка ми и моите адвокати дознав многу работи, според кои, 99 отсто сум сигурен дека не сум извршител на монструозниот чин. Ако било така, немало да има такви присилби кон мене во тоа време, многу пропусти и фалсификати“, рече Хаџиски. Во завршните зборови тој повторно зборуваше за тоа дека во последниве две години ја почнал борбата против внатрешните страсти, за вербата во Господ. „Му благодарам на Господ што ќе дозволи да излезам од затворот кога ќе бидам подобар човек. Не барам ништо за мене, барам само Господ да ми ги прости гревовите, јас сум најголемиот грешник не само во оваа судница, туку во целиот свет“, рече Хаџиски.Мајката на Јошеска, која на минатото рочиште рече дека нема да бара отштета, се премисли, и на денешното рочиште најави дека и таа како и сестрата на Јошеска ќе бара отштета.Одбраната на Хаџиски побара ослободителна пресуда бидејќи обвинението не било докажано. Според адвокатот Стеван Павлески, не била утврдена точната фактичка состојба, при вршењето на увидот имало голем број пропусти, не било испитано што има во шишето кое стоело на масата кај што се случи убиството, а на кое пишувало дека е вотка. Не било испитано што има во чашите со вотка и филџаните со кафе, а не било испитано и дали кај убиената имало присуство на наркотици. Според него, не биле земени отпечатоци и од многу места од местото на убиството. Адвокатот Јован Митриновски пак рече дека имало многу нејасностии во невропсихијатриското вештачење, односно не било точно утврдено во која фаза Хаџиски бил пресметлив, а во која непресметлив. Според Митриновски, Хаџиски ја изгубил рационалноста, кога Јошеска го удрила по половиот орган.„За да го прекине конфликтот со убиената сакал да замине, но бил вратен од страна на убиената. Здобиениот удар во половиот орган, му го прекинало рационалното размислување, тој афект ја блокирал неговата свест и предизвикал непресметливост“, рече Митриновски.Според него, не била испитана и содржината на шприцот со иглата кој се наоѓал на местото на убиството. Од друга страна обвинителството, пак, побара најстрога казна за Хаџиски и во детали го опиша убиството на Јошеска.Според обвинението, Хаџиски почнал да ја дави за вратот толку силно што и ја скршил подјазичната коска, со пепелник ја удрил по главата, а потоа со два ножеви ја избодел во пределот на градите, стомакот и црниот дроб. Ја оставил да искрвави до смрт, украл златно синџирче и прстен. Ги избришал трагите од крв на ножевите, едниот бил негов, а другиот, кујнскиот нож, го вратил на место. Се преслекол со позајмена облека и заминал со другар во кафуле. Според обвинението се обидел дури и да го продаде накитот. За овој случај имаше две судења, на првото судење тој беше осуден на 15 години затвор, но поради пропусти во постапката судењето беше вратено на повторно судење, а Хаџиски по 90 дена минати во притвор беше ослободен. На повтореното судење, доаѓаше на неколку рочишта, но потоа избега од земјава.На тоа судење беше осуден на 20 години затвор, но исто толку години македонската полиција не можеше да го најде.Откако избега од земјава, се приклучил во Легија на странците во Франција, каде служел 15 години, под друго име Зоран Томовиќ. Хаџиски на минатото рочиште негираше дека бил дел од верска секта и со тоа ги негираше тврдењата во јавноста дека убиството било дел од обред на секта./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

Објавено пред

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.

dobivaj vesti na viber

Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“

Објавено пред

Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти

Објавено пред

Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија5 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија12 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија12 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија12 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија13 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија13 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија14 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија15 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија16 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет18 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет18 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет18 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет19 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет19 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет19 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет19 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...