Црна хроника
Идентификуван дел од уапсените во акцијата во Куманово – видео
Припадниците на големата вооружена група којашто во саботата и неделата беше неутрализирана по жестоките борби со македонската полиција во кумановската Дива населба во земјата влегле кон крајот на првата седмица од мај, откако неколку дена претходно договориле за закуп четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор.
Според пишувањата на медиумите, дел од триесетината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец, пишува порталот Курир.
Полицијата работи на проверка на сите податоци и добиени информации по нападот. Се вештачи големиот арсенал оружје кој бил пронајден, а како што беше соопштено во неделата дополнително во тек се проверки и утврдување на идентитетот на жртвите.
Дел од приведените се припадници и поранешни ткн команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК), лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија во 2001 година, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце.
Меѓу напаѓачите кои ѝ се предадоа на македонската полиција во саботата навечер се:
Мухамед Красниќи – командант Малишева роден 4.10.1971 во Косово
Дел од ОВК, командант на 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Инволвиран во недозволена трговија со дрога и оружје, организирање криминал и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.
Сами Укшини – командант Соколи роден 10.10.1967 во Косово
Поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.
Деме Шеху – Јунику роден 18.4.1980 во Косово
Припадник на ОВК, член на единицата „Скендер бег“. Близок соработник и логистичар на терористичката група елиминирана во Бродец во 2007 при акцијата „Планинска бура“. Познат по насилства, изнуди, соработник на командант НАТО и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.
Сефа Генци – роден 18.4.1973 албански државјанин кој живее во Урошевац, Косово
Се води како лице со завршена воена академија во Тирана, со чин капетан. Експерт за минско експлозивни средства, инструктор на воената академија на косовските безбедносни сили. Активен член на паравоени формации од 2002 година и вклучен во албанските национални движења за Илирида. Уапсен во униформа.
Ардијан Бујари – роден 16.12.1975 во Косово
Поранешен припадник на ОВК во единицата на командат Соколи. Дел од терористичката група од Кондово во 2004 и Бродец во 2007. Имал блиска врска со Лирим Јакупи алијас Нацист со кого воделе групи на дрога и оружје. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.
Ваљдет Закај – роден 9.7.1978
Има висока улога во Бали Комбетар, како и обиди за формирање паравоени вооружени групи.
Насуф Бекири -роден 20.2.1988 Брест
Пријавуван за разбојништва, логистичар на Лирим Јакупи – Нацист. Познат по учество вотрансфер на лица и стоки. Има индиции дека учествувал во нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.
Лирим Демири – роден 15.4.1992 од Лукаре, липковско
Пријавуван за насилен криминал, разбојништва, тепшки кражби со провалување. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа
Приведени се и Сефер Сефери (1959) и неговиот брат Фитор Сефери (1970)од Куманово кои се познати по учеството во паравоени структури и ОВК од Косово.
Неџбедин Лика – роден 11.8.1978 од Тетово
Припадник на ОНА , баран и за убиство од 2004 година
Руфкит Угани – роден 24.12.1987 од Качаник Скопје приведен во униформа
Меѓу приведените е и еден од сопствениците на куќите во кои биле сместени терористите, кој според непотврдени информации, пукал кон безбедносни сили на Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

