Црна хроника
Индиско девојченце силувано и обесено на дрво, насилникот линчуван
Седумгодишно девојче е силувано и обесено на дрво во источна Индија, објави локалната полиција во четвртокот.
Седумгодишно девојче е силувано и обесено на дрво во источна Индија, објави локалната полиција во четвртокот.
Локалното селско населени во сојузната индиска држава Западен Бенгал по откривањето на грозоморниот чин го линчувале мажот осомничен за злосторството и ги претепале двајцата мажи кои ги сметале за негови помагачи.Според локалното население, девојченцето исчезнало во средата навечер и била пронајдена рано наутро во четвртокот како виси на стебло, изјавил началникот на локалната полиција С.К.Јан .„Таткото на девојченцето тврдеше дека е силувана и обесена. Го истражуваме случајот и ќе биде извршена обдукција“, додал. Јавноста во Индија постојано го искажува својот гнев при честите случаи на силувања, како и другите брутални злосторства кон жените последните неколку месеци. Кон крајот на мај две тинејџерки беа групно силувани и, исто така, обесени на дрво, во северната сојузна држава Утар Прадеш.Во уште еден сличен случај за кој извести во четвртокот националната телевизија NDTV висок полициски функционер е уапсен под обвинение за силување под обвинение кое против него го поднела манекенка од индиската финансиска престолнина Мумбаи.Индиската јавноста е многу чувствителна на сексуалните напади по планираното групно силување и брутално убиство на една студентка во главниот град Њу Делхи во декември 2012 година.Тогаш низ Индија избувнаа жестоки протести во кои имаше и судири со полицијата, по што владата донесе прописи за побрз кривичен прогон во случаите на насилство над жените. Меѓутоа, силувањата не престанаа./крај/мф/сн
Извор: NDTV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

