Црна хроника
Три лица тешко повредени во експлозија во фабрика во Сопиште

Три лица со тешки изгореници се наоѓаат во критична состојба по пожарот што се случи во четврток попладне во фабрика во Сопиште.
Двајца мажи и една жена се наоѓаат во критична состојба по пожарот што избувна во четвртокот околу 17 часот во фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште.
Повредените биле примени на Ургентниот центар со 90 проценти изгореници на телото.
Во експлозијата е повредено уште едно лице, но тоа се наоѓа надвор од животна опасност.
Пожарот во фабриката настана по експлозија, а денеска се очекува да бидат познати причините за несреќата. На лице место интервенирале две противпожарни возила кои го локализирале пожарот кој бил од мали размери.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.