Црна хроника
Истепани двајца малолетници во автобус
Десетина непознати машки лица истепале двајца малолетници од село Орман и село Мирковци во атобус со број 50 на ЈСП, кој се движел од Бит Пазар кон Центар, во близина на Бит Пазар.
Инцидентот бил прјавен околу 17 часот во Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“. Двете момчиња на возраст од 17 години се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.

