Црна хроника
Истепани сопруги, нападнати брат и татко, четири случаи на семејни расправии со повреди
Тетовец од селото Пирок заедно со мајката и сестрата ја малтретирале сопругата, а полицијата поднесе уште три кривични пријави за семјни кавги што се случиле кон крајот на февруари и во март во струмичко.
Првиот случај за којшто е поднесена кривична пријава се случил на 27 февруари во селото Сушица, Ново Село. Дваесетгодишно моче од ова село се скарал со седуманесетгодишната сопруга и ја удирал по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди во пределот на вратот и левото око. Девојката во текот на месец февруари неколку пати била малтретирана и бркана од домот, а против сопругот е поднесена пријава за телесна повреда.Струмичката полиција поднесе кривична пријава против шеесет и двегодишен жител на струмичкото село Секирник кој на втори овој месец пијан ја навредувал и пцуел неговата сопруга.Расправијата ја прекинал синот на неговиот брат, а полицијата утврдила дека пријавениот со години секојдневно ја малтретирал сопругата. Истиот го признал делото , но негирал дека и се заканувал по животот и телото. Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.Третиот случај за којшто е поднесена кривична пријава се случил на 14 март во струмичкото село Свидовица. Триесет и деветгодишен жител на ова село, пијан без повод и причина започнал расправија со својот брат и таткото. Тој со секира почнал да ја крши покуќнината, а со сечивото замавнал и го удрил брата си во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина во пределот на челото и носот. Против насилникот е поднесена кривична пријава за телесна повреда. Послениот случај е регистриран во средата кога, триесет и петгодишен жител од тетовското село Пирок заедно со своите мајка и сестра, физички ја малтретирал својата една година помлада сопруга. Семејното насилство во полиција го пријавил родителот на жртвата, вчеравечер, околу 23 часот.Тројцата физички ја нападнале жената, ја удирале по главата и по телото, ја влечеле за коса и ја навредувале. Kога таа тргнала пеш да замине кај родителите, сопругот ја стигнал, насилно ја внесол во возилото и заедно продолжиле да ја малтретираат.Во меѓувреме, пристигнал нејзиниот родител и ја однел во нивниот дом. Случајот веднаш е пријавен во Полициската станица во Камењане.Половина час по полноќ, тројцата инволвирани во пријавеното семејно насилство се лишени од слобода и се работи на целосно расчистување на случајот.Според Секторот за внатрешни работи Тетово, минатата година биле регистрирани 60 случаи на семејно насилство. Најчести жртви биле поранешни и невенчани сопруги.Како причини за семејно насилство, биле наведени финансиски тешкотии, психички растројства и меѓугенерациски недоразбирања./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

