Црна хроника
Избоден осум пати во грбот барал помош кај фонтана во Градски парк
Во петокот наутро, еден маж побарал помош од неколку лица кои седеле кај фонтаната во Градски парк, затоа што многу крварел од грбот.
Како што соопшти полицијата, во петокот околу 02.38 часот во ЕИК, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош, бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати лица. По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје. Тој бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

