Црна хроника
Изгоре куќа на сирак во Велес

Целосно изгоре куќа во Велес во којашто живеело дваесет и двегодишно момче кое останало сирак.
Пожарот се случил во четвртокот вечерта околу 21.30 часот на улица „Коле Цветков“.
Момчето било на гости кога му кажале дека му гори куќата, но не можел ништо да спаси.
Пред осум години починале неговите родители и тој останал сам во куќата. Неговата пет години помлада сестра била во Дом за деца без родители, а постарата сестра била мажена надвор од Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.