Црна хроника
Изгореа три автомобили во Штип
Три автомобила изгореле синоќа во пожар што избувнал во семејна куќа во Штип.
Пожарот избувнал во дворот на семејна куќа во штипската населба Македонка ноќеска околу 2 часот. Огнот се проширил и ги зафатил автомобилите мерцедес, голф 4 и голф 5, коишто биле паркирани веднаш до спалната соба.Сопствениците на куќата спиеле, а се разбудиле од врисоците на соседите. Повредени нема, предизвикана е материјална штета./крај/
Извор: Алфа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со пиштол удрил женско лице во кафеана: уапсен маж од Кочани
Вчера во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.
Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.