Црна хроника
Камион што сам се придвижил усмрти деветгодишно дете
Едно деветгодишно дете загина, а друг пешак е повреден, кога паркиран камион сам се придвижил и ги згазил патниците, на локалниот пат за село Сопот, Куманово.
Имено, во вторникот, околу 17.45 часот во Куманово на локалниот пат во село Сопот, се случила сообраќајна незгода во која еден пешак загинал и уште еден се здобил со телесни повреди. Имено, С.Џ.(46) од скопското село Арачиново, паркирал камион „мерцедес“ поради товарење на стока и излегол. Во еден момент возилото само се придвижило и со предниот дел удрило во пешаците Х.С.(35) и деветгодишно машко лице, двајцата од село Сопот.По незгодата, пешаците биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово, каде лекарите констатирале смрт на детето, додека пешакот Х.С. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени во Скопје и Битола искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола била касната од куче скитник.
Во СВР Битола на 13.01.2025 во 16.45 часот А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени прилепчани: украле повеќе предмети од хала
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.