Црна хроника
Камионџија ќе изгазел полицаец бегајќи со нелегални дрва и со нерегистриран камион
Полицаец успеал да се спаси скокајќи настрана, откако камионџија, кој претходно бил запрен заради контрола на товарот што го превезувал, без дозвола го стартувал камионот и ја нагазил педалата за гас.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во саботата во 19,45 часот на м.в.,,Бела вода“ атар на беровското село Двориште, при вршење на редовна работа, од страна на двајца полициските службеници заради контрола запрен е камион „Застава 650“ управувано од Р.М.(30) од село Двориште.
Тој на полицискиот службеник му дал сообраќајна дозвола и испратница за превезување на дрва и под изговор дека има проблем со возилото почнал да го врти и во моментот кога го свртел возилото, наеднаш го стартувал, а полицискиот службеник за да не биде повреден скокнал од патот, го извадил службеното оружје и пукал кон возилото, при што го погодил возилото во задната десна гума. Возачот продолжил да се движи со возилото кон село Двориште, при што бил следен од мотопатролната служба, но не сакал да застане и влегол во сопствениот двор во селото.
Од извршените проверки констатирано е дека лицето го управувало камионот без продолжена сообраќајна дозвола подолго од 30 дена за што му е издаден налог за наплата на глоба, испратницата за превоз на дрвна маса констатирано е дека е со помината важност односно важи до 15,00 часот.
По пријавување на настанот на местото е излезено од страна Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.М. и целосно расчистување и документирање на случајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.