Црна хроника
Камионџија се обидел да прошверцува 34 килограми марихуана преку ГП „Дојран“

Цариниците во недела при контрола на товарно возило на граничниот премин Дојран открија и запленија 34 килограми марихуана.
При контрола на товарот во полуприколката од страна на царинските службеници пронајдени се две црни патни торби со вкупно 35 пакетчиња (20 пакетчиња во едната и 15 во другата торба) наполнети со непозната материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристична миризба, завиткани со стреч фолија. Пакетчињата со непознатата материја и лицето се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги заради водење на понатамошна постапка.Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека непознатата растителна материја спакувана во 35 пакетчиња преставува опојна дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 34 килограми. Одделението за истраги презема понатамошни мерки и активности за откривање на сите лица инволвирани во кривично правниот настан. По комплетирање на сите докази ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.