Црна хроника
Кавадарчаните кои го украдоа мајмунчето имале над 30 кривични пријави
Кавадарчаните кои во неделата го украдоа мајмунчето Лука од Зоолошката градина во Скопје имале криминално досие и против нив досега биле поднесени над 30 кривични пријави.
Против кавадарчанката имало поднесено две кривични пријави за кражби, а против нејзиниот пријател поднесени биле дури 33 кривични пирјави, најмногу за кражби, но и за трговија со дрога, комјутерски криминал.Пријавените во понеделникот попладне го украдоа мајмунчето павијан од Зоолошката градина во Скопје, но беа фатени на пат кон Кавадарци. Мајката изјави дека наводно го украле мајмунот за да му го подари на своето глувонемо дете за да го израдува, бидејќи секогаш кога ќе го видело се радувало. Против двајцата крадци ќе биде поднесена кривична пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

