Црна хроника
Кичевец прободен со нож во стомакот
Кичевец бил прободен со нож во стомакот при вербална расправија што се случила во вторникот попладне во 16.15 часот во Кичево.
Напаѓачот е четириесетгодишен жител на кичевското село Бачишта. По нападот повредениот се упатил во Медицинскиот центар Кичево, а напаѓачот побегнал од местото на настанот. По кратко време тој е приведен и лишен од слобода од страна на полициски службеници. Пронајден и одземен бил ножот со кој го сторил кривичното дело. Повредениот од Медицинскиот центар Кичево е пренесен во Медицинскиот центар Битола каде ќе му биде утврден карактерот на повредата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач од Струга, управувал возило под дејство на алкохол
На 13.01.2026 во 01:16 часот на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

