Црна хроника
Старец силувал седумгодишно девојче во центарот на Охрид
Старец на возраст од 73 години во понедленикот попладне силувал седумгодишно девојче во центарот на Охрид.
Случајот го пријавила мајката на девојчето во понеделникот околу 13.10 часот. Половиот напад се случил додека девојчето се враќало од училиште по улица „Климент Охридски“. Тој го викнал девојчето и извршил полови дејствија врз девојчето.Напаѓачот бил од Скопје со престојувалиште во Охрид. Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител до Основниот суд – Охрид поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.