Црна хроника
Кичевец загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи во понеделник вечер во 22 часот и 20 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населба „Горица“.
Од здобиените повреди, на лице место почина Аднан А.(26) од Кичево додека А.Л. (26) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди. Тој, итно е префрлен во Општата болница во Кичево а потоа испратен во Ургентен центар –Скопје.Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец Охрид-Кичево, управувал патничко моторно возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски таблици. Тој, започнал да врши престигнување на патничко возило „Волсфаген Пасат“, по што изгубил контрола, преминал на левата страна од патот и излегол надвор од коловозот. Во следниот момент, возилото се извртило и со бочниот десен дел удрило во рекламното пано и повторно се извртело. Возачот и сопатникот А.Л. испаднале од возилото кое, потоа со задниот лев дел удрило во патничко возило „Поло“ кое било паркирано во кругот на блиската бензиска пумпа. На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Опел-Вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

