Црна хроника
Клиника за радиологија: Пацинетот кој предизвика инцидент немал закажано преглед преку „Мој термин“
Универзитетската клиника за радиологија соопштува дека пациентот кој во средата предизвика инцидент на Клиниката за радиологија немал закажано преглед преку „Мој термин“, туку требало да да биде дополнително снимен на барање на докторот, заради поточно утврдување на дијагнозата.
Додека чекал пациентот да биде извршено доснимување во тој период течеле прегледи на веќе закажани пациенти. Како што соопштуваат од Клиниката, во истиот момент доаѓал болничар од шок соба за закажување на итен болнички пациент, па пациентот мислел дека ќе биде внесен дополнителен пациент по што насилно се нафрлил врз болничарот.Технологот од Клиниката се обидел да ги оддели при што и тој бил нападнат.На тоа реагирало клиничкото обезбедување, а потоа и полицијата. Според пријавата на Министерството за внатрешни работи, пациенто напднал персонал во Клиниката бидејќи му бил презакажан преглед преку „Мој термин“. Тој го навредувал персоналот, го нападнал болничарот и го скршил стаклото од вратата на Клиниката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

