Црна хроника
Колегите и адвокатите очекуваат ослободителна пресуда за Кежаровски
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски и дел од адвокатите на обвинетите во случајот „Ликвидација“ очекуваат жалбениот суд да донесе ослободителна пресуда за сите обвинети.
„Ја очекуваме единствената можна пресуда – ослободителна, односно Судот да го пушти од домашен притвор и да го ослободи Томислав Кежаровски“, изјави Тамара Чаусидис , од Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот на весникот Нова Македонија.
Јован Јоанидис, адвокатот на обвинетиот Борис Николов, исто така, очекува второстепениот суд во Скопје да однесе ослободителна пресуда за неговиот клиент. Изјави дека „судскиот совет е добро избран“ и смета дека врз него не се вршеле никакви политички притисоци, „особено не по извештоајот на Европската комисија.
Според Јоанидис, делото за коешто се товарат Борис Николов и уште тројца обвинети – „незаконско посредување“сега е веќе декриминализирано и оти Судот ќе мора да донесе ослободителна пресуда за нив.
Досега во судница каде што судот расправа по жалбите на обвинетите во случајот „Ликвидација“ се читаше пресудата, а во моментов се очекува адвокатите на обвинетите , а потоа и самите обвинети, да дадат исказ пред судот, јавува репортерот на Макфакс од Апелациониот суд Скопје.
Апелациониот суд во Скопје во петок на Јавна седница веќе неколку часа ги разгледува жалбите на осудените во случајот „Ликвидација во којшто му се суди на новинарот на весникот Нова Македонија, Томислав Кежаровски, судии, обвинители, адвокати“
Кежаровски е во домашен притвор сè до правосилноста на пресудата за случајот. Кривичниот суд го осуди новинарот на 4,6 години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.
Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски во средата во 12.05 положи цвеќе на плоштадот „Карпошово востание“ во знак на сеќавање на протестите на новинарите кои се одржаа минатата година кога полициските сили ги спречија да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба.
Ослободување на Кежаровски побараа и Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и Европската федерација на новинари./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

