Црна хроника
Краделе од мигранти во Гевгелија, налетале и на Македонци
Поднесена е кривична пријава, против В.Ј (27) и К.Г (24) и двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела “разбојништво” и „разбојничка кражба“ над македонски и над сириски државјани на подрачјето на Гевгелија.
Имено, пријавените во средата од 23.40 до 4 часот, кај кружниот тек кај железничка станица забележале две малолетни лица од кои едниот на рамото носел кожна ташна (бубрег), по што второпријавениот го запрел возилото, а првопријавениот ја отворил совозачката врата и трчајќи кон двете деца им се обратил на англиски јазик мислејќи дека се мигранти од Сирија. Откако ја фатил ташната со раце и насила се обидел да ја одземе малолетните лица му се обратиле на македонски јазик по што истиот ја пуштил ташната и се вратил во возилото. Веднаш со голема брзина го напуштиле местото на настанот.
Подоцна околу 3.30 часот пријавените го паркирале возилото на улица од јужната страна од градскиот парк, пристигнале во паркот каде спиеле 40 сириски мигранти. Откако првопријавениот кај еден од нив забележал дека под главата има светло-сина торбичка, со намера да му ја одземе ја фатил со раце но бидејќи била обвиткана со рачките преку рамо на дрзок начин ја извлекол и почнал да бега во правец на паркираното возило во кое го чекал второпријавениот. Додека бегал оштетените видно вознемирени трчале по него по што во еден момент првопријавениот во воздух од гасен пиштол испукал еден куршум и продолжил со трчање на кај возилото оддалечувајќи се од местото на настанот.
Идентификувани се сторителите за кои постои основи на сомнение дека се сторители на кривичните дела, а првопријавениот во моментот е во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање додека второпријавениот е пронајден и со истиот е извршен разговор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

