Контакт

Црна хроника

Кривична пријава против градоначалникот на општина Чашка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Чашка, Горанчо Пановски за злоупотреба на службената положба и овластувања.

dobivaj vesti na viber

Според кривичната пријава, градоначалникот во 2011 година, иако не бил сопственик на објектот,  самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект, планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно „Закон за постапување со бесправно изградени објекти“ , барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот.Потоа сам си решавал по барањето, постапувајќи спротивно член 6 од „Законот за постапување со бесправно изградените објекти“ каде во содржината на барањето за утврдување правен статус во став 2 е предвидено барателот да достави  доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни сопственик, ни корисник на објектот. Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Пановски го легализирал објектот, го впишал во Катастар на Македонија, по што го отуѓил. Со ова го оштетил спортското друштво „Солунска глава“ за износ од околу 65.000 евра./крај/мвр

Црна хроника

Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа

Објавено пред

Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен неготинец во Струга: осуден бил на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“

Објавено пред

Вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино.

dobivaj vesti na viber

Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична против пет лица: организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“.

dobivaj vesti na viber

На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство „Осогово” – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот.

По ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци.

На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница,...

Македонија17 минути

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа2 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија2 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија3 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија3 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет3 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет3 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа4 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа4 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа5 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија15 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија23 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија24 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...