Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за судија од Охрид, вработена во катастар и уште три лица

Објавено пред

Поради постоење основи на сомнение за повеќе сторени казнени дела, СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица: 61- годишна охриѓанка, вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид, против едно засега непознато лице вработено во општина Охрид, 56- годишно лице од Биџево и 58- годишен адвокат од Струга,  како и против 56- годишен судија од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Првопријавената во месец Јануари 2007 година како службено лице, референт за катастарски работи во одделението за катастар на недвижности Охрид, искористувајќи ја службената положба и овластување, свесно во компјутерскиот систем на одделението за катастар на недвижности Охрид, без правен основ внела невистинити податоци за сопственост на имот од кафетерии во Охрид со намера лице од село Лескоец да се стекне со незаконски запишано право на сопственост, со што предизвикала невистинит резултат при преносот на овие податоци. Во негова корист, пријавената од компјутерските евиденции на одделението за катастар и недвижности Охрид испечатила, и со свој потпис и печат заверила имотен лист иако знаела дека податоците во имотниот лист се невистинити и запишувањето на сопственоста е без правен основ.

Второпријавеното, засега непознато лице вработен во општина Охрид, во периодот јули 2007 година до мај 2015 година, искористувајќи ја службената положба и овластување од архивата на општината Охрид-Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, свесно, бесправно и неевидентирано изнесол градежна проектна документација која се однесува на кафетеријата , заедно со одобрение за градење од лицето од Лескоец чие чување е од трајна вредност и надлежните органи се должни да ја чуваат.

Третопријавениот и четвртопријавениот заедно сториле едно кривично дело „договор за извршување кривично дело“. Во 2015 година во Основен суд Охрид спротивно на укажувањата и заклучокот од Министерството за транспорт и врски Скопје истите започнале парнична постапка спрема лицето од Лескоец, граѓанска постапка со цел утврдување на право на сопственост на објектот кафетерија . Со незаконско стекнување на правен основ-пресуда, со чие спроведување во одделението за катастар на недвижности Охрид, лицето од Биџево ќе можело да се стекне со право на сопственост и добие имотен лист за целиот објект- кафетерија и покрај тоа што делови од истиот објект во површина од 189м2 биле со евидентен лист, како бесправна градба и предходно опфатени во постапка за легализација во Министерството за транспорт и врски Скопје и за истите бил донесен Заклучок за запирање на постапката).

Лицето од Биџево и неговиот адвокат, со петтопријавениот-како судија во Основен суд Охрид задолжен да решава по овој предмет, се договориле, а судијата прифатил да изврши кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој на 27.02.2015 година донел незаконска пресуда во корист на лицето од Биџево со која се усвојува неговото тужбено барање. Третопријавениот и четвртопријавениот заедно сториле и едно кривично дело „поднесување лажни докази“. Тие, иако знаеле дека донесената пресуда е предмет на кривично дело, на 18.03.2015 година, ја употребиле како лажен доказ за упис на право на сопственост и без да приложат потребна градежно техничка документација, ја доставиле за спроведување и упис во управна постапка во одделението за катастар на недвижностите во Охрид. Петтопријавениот, судијата сторил едно кривично дело „договор за извршување кривично дело“ и едно кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој по предходен договор со трето и четвртопријавениот, донел инкриминирана пресуда со која лицето од Биџево без парнична постапка, бесправно да се стекне со правен основ за добивање на имотен лист и за останатите бесправно изградени делови од кафетеријата. Незаконитостите при издавање на имотниот лист се констатирани и од страна на Агенцијата за катастар на недвижности Скопје./крај/мф

 

Извор: Ohridnews



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Мотоциклист тешко повреден по судир со куче на патот Р’жаничино–Таор

Објавено пред

Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведени четири лица поради за во Скопје

Објавено пред

Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени

Објавено пред

Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.

Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.

Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија2 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет4 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет5 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет10 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет14 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет14 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет14 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет15 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет15 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет16 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија16 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет16 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет16 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет20 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија21 час

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет21 час

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...