Црна хроника
Кривични пријави против двајца дилери на дрога од Куманово
Кумановската полиција во петокот соопшти дека поднела две одделни кривични пријави против две лица осомничени за продавање на дрога.
Првата кривична пријава е поднесена против С.П.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 06.03.2014 година, во Куманово, при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдено е 92,07 грама марихуана и 11.100 денари кои потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Втората кривична пријава е пдонесена против М.К.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 28.07.2014 година, околу 11,40 часот, во КПУ Затвор Куманово пријавениот од надворешната страна од затворот фрлил најлонска кеса со 16,35 грама марихуана и мобилен телефон, за да овозможи употреба на дрога на поголем број осудени лица./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

