Црна хроника
Кривични пријави против три лица за претепувањето на Тодор Петров
Кривични пријави против три лица за претепувањето на Тодор Петров најави во четвртокот скопската полиција, по консултациите со Јавен Обвинител.
Во врска со настан од 27/02/2016 кога во угостителски објект „Казабланка“ физички беше нападнато лицето Т. П, СВР Скопје на разговор повика 11 лица, од кои девет се јавиле на поканата.
Во четвртокот во полициската станица „Бит Пазар“ исказ дадоа лицата Ќ. М. (64), Е. Б. (55), А. А. (53), И. Г. (52) и Б. А. (41), Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34) сите од Скопје, додека на поканата не се јавија само А. Б. и И. Г.
Во извршените разговори со лицата, истите изјавија дека на 27/02/2016 година биле присутни во угостителскиот објект, каде се случи кривично правниот настан.
Истиот ден во ПС ОН „Бит Пазар“ во присуство на Јавен Обвинител беше извршено соочување помеѓу оштетениот и лицата Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34). При тоа, од страна на оштетениот лицата Е. Б. и А. Е. беа посочени како лица кои биле во групата која физички го нападнала на 27/02/2016 година во угостителскиот објект „Казабланка“ заедно со лицето А. Б..
По извршените консултации со Јавен Обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е. Б., А. Е. и А. Б. поради основано сомневање дека се сторители на кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ.
Исто така, по дадена насока од Обвинителството, Е.Б. и А. Е. се лишени од слобода, па ослободени со обврска во текот на утрешниот ден да се јават кај Јавниот обвинител. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

