Црна хроника
Роднина на осуден нападнала обвинител во Тетово
Роднина на осудено лице во четвртокот го нападнала јавниот обвинител во судница, откако судијата ја соопштил пресудата во Основниот суд Тетово.
Жената му се заканувала на обвинителот, а потоа и физички го нападнала, со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајки му се дека ќе има работа со неа. Обвинетиот усепал да ја оттргне жената, а потоаиИнтервенирала и судската полиција и жената била отстранета од судницата.„Основното јавно обвинителство Тетово издаде наредби до полициските служби за земање изјава од осомничената, како и за обезбедување видео записот од судницата во тетовскиот суд. Осомниченото лице се товари за сторено кривично дело ‘загрозување на сигурноста’ од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, соопштуваат од Обвинителството.Жената ја напуштила судската зграда и не успееале да ја обезбедат за натамошна постапка. Се работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.