Црна хроника
Кривични пријави против тројца полицајци
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди изминатиот период поднесе три кривични пријави против три лица вработени во Министерство за внатрешни работи за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „малтретирање во вршење на службата“.
Имено, во првиот случај пријава е поденсена против 35-годишниот Т.Р.од Струмица, полицискиот службеник – водич на безбедносен реон во ПС од ОН Струмица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди постапувајќи по поднесена претставка од страна на граѓанин за непреземање мерки од страна на полициски службеник од ПС од ОН Струмица по пријавен кривично правен настан, кражба на две грла добиток, утврдено е дека полицискиот службеник не го евидентирал настанот во Книгата за дневни настани и не презел потребни мерки и активности за расчистување на кражбата со што го сторил и кривичното дело.
Во вториот случај пријава за сторени кривично дело „несовесно работење во службата“ е поднесена против 33-годишниот Б.И. од Велес, референт за сообраќајни дозволи во Отсекот за управни работи Велес и Кавадарци. Од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршени се проверки по доставена претставка од страна на правно лице за непрофесионално постапување на референтот за сообраќајни дозволи поради што подносителот на претставката имал дополнителни трошоци во износ од околу 6 илјади денари.
Имено пријавениот одбил да прими документи за регистрација на возило со образложение дека за истото не е одјавена француската дозвола при што од страна на оштетените лица постапката за регистрација на возилото е извршена во Кавадарци каде на шалтерот на Отсекот за управни работи лицата успеале да го регистрираат истото возило со истата документација која претходно не била примена од страна на Б.И.
Во третиот случај пријава за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ е поднесена против 49-годишниот М.Ј., полициски службеник – сменоводител во ПС од ОН Делчево во СВР – Штип. До Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди добиена е претставка против лицето М.Ј. дека истиот при преземање на службени дејствија по пријавен настан, нарушување на јавниот ред и мир постапил незаконито, на начин со кој се понижува човечкото достоинство и моралот.
Имено приведено лице во ПС од ОН Делчево откако упатил закани кон безбедноста на сменоводителот и неговата фамилија истиот изреволтиран од заканите го турнал приведениот, кој паднал при што од страна на доктор на лицето му е констатирана телесна повреда во пределот на лицето./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

