Црна хроника
Кривични пријави за кумановскиот градоначалник – проширена
Кумановската полиција поднесе во средата две кривична пријава против градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, за злоупотреба на службена положба и овластување, за незаконско пуштање на крстосница на којашто животот го загубиле три лица, а во другиот случај дозволил да биде узурпирано државно земјиште.
Според кривичната пријава за крстосницата, градоначалникот во ноември 2008 година спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово меѓу булевар „Трета македонска ударна бригада“, булевар „Октомвриска револуција“ и улицата „Бранко Богдански – Гуцман“, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола.Раководителката на Секторот за урбанизам Л.Л.С. побарала одобрение за техничка документација во врска со сообраќајните знаци и сообраќајната сигнализација од МВР, додека раководителката на Секторот за инспекциски надзор В.Л. не побарала вработување за општинскиот инспектор за јавни патишта, ниту, пак, работните задачи за наведеното работно место ги доделила на некој друг од нејзиниот сектор.Од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 се здобиле со телесни повреди, а вкупната причинета материјална штета изнесува 1.455.000 денари.За другото кривично дело Дамјановски е третосомничен, а првоосомничена е овластениот градежен инспектор во општина Куманово, а второосомничена е раководителката на Секторот за урбанизам.Првопријавената постапувајќи по пријава за узурпација на државен имот при вршење инспекцискиот надзор пропуштила должен надзор при вршење на своите овластувања. Иако забележала и знаела дека повеќе лица, сопственици на имоти на улица „Веселин Вујовски“ од Куманово имаат узурпирано државно земјиште на коешто изградиле цврсти градби, не извршила надзор кај сите нив, туку само кај лицето М.А. од Куманово.За него изготвила записник и решение за отстранување на градбата само кај него, за што донела и заклучок за извршување. Исто така, за наведеното лице првопријавената поднела и кривична пријава за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“, а на сите останати лица кои узурпирале државно земјиште им овозможила и понатаму да го користат причинувајќи штета на државата. Второпријавената, иако била запознаена и свесна за погоренаведената состојба, не презела никакви мерки за административното извршување на наведените правосилни и извршни акти со што му овозможила на лицето М.А., како и на сите други лица, и понатаму да го користат узурпираниот имот, а притоа изготвила службени исправи кои ги заверила со свој потпис и печат во кои внела невистинити податоци дека наводно до СВР Куманово поднела барање за асистенција за спроведување на правосилните акти употребувајќи ги истите како вистинити. Третопријавениот, не постапил по решението од управниот инспектор од Куманово со што бил лично задолжен да преземе мерки и дејствија и да ги изврши горенаведените правосилни и извршни акти со што му овозможил на М.А., како и останатите лица, и понатаму да го користат узурпираниот имот на штета на Р. Македонија.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

