Црна хроника
Кривопаланчани претепале келнер во центарот на Скопје

Келнер од скопската кафеана „Ксмет“ е претепан на новогодишната ноќ од четири лица во инцидент во кој е искршен и излогот на објектот.
По инцидентот за кој засега не се познати причините, во полициската станица Центар притворен е 21-годишниот Н.Ц од Крива Паланка, и се преземаат мерки за расчистување на случајот во кој учествувале уште три засега неидентификувани лица.
Според полицискиот билтен на Секретаријатот за внатрешни работи Скопје, за кој претходно министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоски нагласи дека со само два инцидента е помирен од секој вообичаен ден, четворицата го предизвикале инцидентот на улицата „50-тра Дивизија“ во центарот на градот, каде е лоциран објектот „Ксмет“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.