Црна хроника
Куќен притвор за цариник што барал мито

Цариник вработен на царинската испостава „Блаце“ побарал мито за да пропушти стока без да ги изврши царинските прописи.
Осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од едно оштетено лице за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши согласно царинските прописи. По претходен телефонски договор, двајцата оствариле средба во кафуле во еден трговски центар во Скопје и оштетениот му ги исплатил парите, при што осомничениот е фатен на лице место од овластени службени лица на МВР.Осомничениот се товари дека сторил кривично дело Поткуп од член 357 ст.1 од Кривичниот законик за кое дело предвидена е казна затвор од 4 до 10 години.До судија на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, но судијата со Решение определи мерка – куќен притвор. На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.