Црна хроника
Кумановец криумчарел илегални мигранти од Авганистан
Во петокот околу 17 часот, по предходна дојава дека на автопатот во близина на село Смоквица во неколку возила се превезуваат мигранти, мешовит патролен тим се упатил кон местото, по што откако пристигнале на месноста Станица Клисура било запрено возило со „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Ф.Ј. од Куманово.
Истиот се дал во бегство но по кратко време бил фатен од страна на полициските службеници, додека останатите возила продолжиле да се движат накај Демир Капија. Во возилото биле откриени пет илегални мигранти од Авганистан, кои се приведени во полициската станица во Неготино.
Околу 18 часот од страна на полициска патрола во реонот на селото Клисура, односно на околу два километри над селото во планински предел, пронајдени биле празни три возила во кои предходно се превезувале мигранти. Се работи на откривање и пронаоѓање на возачите кои ги управувале возилата, а против Ф.Ј. по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

