Црна хроника
Кумановец кршел дома за пари, внук го претепал дедо му за пари
Кумановец кршел дома и ги малтретирал сестра му и мајка му за пари, а внук во тетовско го претепал својот дедо оти не му давал пари.
Двата случаи се случиле во понеделникот, едниот во кумановското село Слупчане, а другиот во долнореканското село Требиште. Во кумановското село Слупчане во понеделникот вечерта, триесет и двегодишен кумановец барал пари и се заканувал дека ако не му дадат дека ќе ја запали куќата. Почнал да крши внатре, па мајка му дала 100 евра, но тој продолжил да се заканува и рекол дека ќе ја запали куќата ако татко му не му прати пари преку „Вестерн Унион“.Сестра му го пријавила во полиција, кумановецот е приведен во полициска станица и ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.Другиот случај бил пријавен исто така во понеделникот, откако дваесет и петгодишен внук го нападнал неговиот седумдесет и седумгодишен дедо. Бидејќи не му дал пари, внукот започнал психички да го малтретира и вербално да се расправа, по што се налутил и го соборил на подот, оштетувајќи му го апаратот за слушање, информираат од СВР Тетово.Продолжил да ја оштетува, односно крши покуќнината внатре и да се заканува по животот на дедото, кој подолго време бил малтретиран на ваков или сличен начин.Набрзо по пријавувањето, внукот бил приведен во полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

