Црна хроника
Кумановец побегнал од затвор и украл 16 златни ланчиња
СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 31-годишниот И.С. од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ.
Имено, на 18-ти декември минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот, инаку осудено лице кој се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ затвор Куманово – отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво при што одзел 16 златни ланчиња, и се стекнал со противправна имотна корист од околу 375.190 денари.
Кривичното дело го извршил тој начин што откако дошол во златарата „Рубин“ во ГТЦ во Скопје им се заканил на вработените со пиштол, а потоа со истиот го скршил стаклото од изложната витрината каде бил изложен златниот накит, ги одзел ланчињата по што го напуштил местото на настанот. По превземени мерки и активности утврдено е дека се работи за И.С.
На 5-ти мај годинава, пак, од страна на полициски службеници од ЕИД-МД во просториите на КПУ Затвор Куманово бил извршен разговор со пријавениот во кој тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. Украдените златни ланчиња на 19-ти декември минатата година во Куманово ги продал за 860 евра на лице од Тетово, а гасниот пиштол го фрлил во реката Вардар во Скопје, додека дел од гардеробата која ја носел при извршувањето на кривичното дело и патиките ги фрлил во контејнер.
По извршениот разговор, од страна на надзорниците од затворската полиција во КПУ Затвор Куманово, бил извршен претрес во ќелијата во кој е сместен пријавениот, при што била пронајдена една капа која истиот ја носел при извршувањето на кривичното дело.
На 13-ти мај годинава во ПС ОН Гази Баба, од страна на вработените од златарата било извршено препознавање при што истите со сигурност го препознале пријавениот како лице кое со пиштол влегол во златарата Рубин и ги одзел златните ланчиња.
Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето како и кривични дела против јавниот ред.
На истиот од страна на СВР-Куманово досега му биле поднесени 43 кривични пријави за сторени кривични дела „кражба“, „тешка кражба“, „одземање на моторно возило“ и „тешка телесна повреда“, потоа од страна на ПС Крива Паланка поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, од страна на СВР-Охрид поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ и од страна на СВР- Скопје поднесени му биле пет кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „тешка кражба“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

