Црна хроника
Купиле амфетамин од Софија и го сoкриле во гаќите

Двајца штипјани пред пет дена отишле во Софија, Бугарија, купиле дрога амфетамин за да ја препордадат во Штип. Но, полицијата им ја нашла сoкриена во гаќите на еден од осомничените.
Амфетаминот го купиле на 8 јануари од непознат Бугарин за сума од 360 лева, со тежина од 54,45 грама. Наредниот ден, во полициска станица на граничниот премин Ново село, дрогата била најдена сoкриена во гаќите кај еден од штипјаните.Дрогата сакале да ја продадат на дилер на овој вид на дрога од подрачјето на градот Штип. Против нив е поднесена кривична пријава за “неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. И двајцата минуваат во крим евиденцијата при СВР Штип./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.