Црна хроника
Мајка го зела тримесечното бебе од сопругот и го однела во Швајцарија

Мајка од Радовиш противправно го зела тримесечното бебе ос својот сопруг и го однела во Швајцарија. Против неа е поднесена пријава за одземање малолетник.
Триесет и двегодишната мајка го зела бебето од домот на нејзиниот сопруг во Ново Село, струмичко во перидот од 19 часот на 30-ти јули до 23 часот на 31-ти јули.Сопружниците биле во нарушени брачни односи, а жената го однела бебето без дозвола./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило удри во мопед во Скопје: повредени возачот на мопедот и негов сопатник

Вчера околу 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец уплатил пари за да купи работна машина: останал и без пари и без машина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.
На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.
Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.
Црна хроника
Прегазена жена во Тетово

Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.