Црна хроника
Мајката на детето кое беше претепано до смрт бара доживотен затвор за убијците
Мајката на тригодишното девојче кое во март годинава беше претепано до смрт бара убијците на нејзиното дете да бидат во затвор додека се живи.
Садие Саитова присуствуваше на судскиот процес за смртта на малолетното девојче кој стартуваше во петокот, но беше одложен бидејќи адвокатката на обвинетите немала доволно искуство да брани во ваков сериозен процес.Скршена од болка, мајката во малата судница се најде во близина на убиецот, кој го претепа до смрт нејзиното девојче оти се измокрило на тепих. „Ништо не ми кажаа кога се вратив од работа, ми велат дека паднало девојчето по скали, само тоа ми кажаа. Не живеевме долго заедно. Не знаев дека ја тепаат и претходно, на син ми му беше страв да ми каже. Сега живеам кај мајка ми и татко ми и браќата, тие ми помагаат, ама многу е тешко. Од судот ќе барам обвинетите да бидат во затвор додека се живи“, изјави Саитова.„Ова е трагичен настан, премногу е жално. Ќе бараме отштета, тоа секако, но во интерес на постапката не можам да давам повеќе детали за процесот“, изјави адвокатката на мајката на убиеното девојче, Мирјана Јосифовиќ.Обвинетиот за убиството, Џемаил Браими, кој е во притвор и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд, која ќе одговара за соизвршителство во петокот се појавија во судницата, но поради одложувањето на процесот не дадоа исказ и не објаснија зошто го убиле девојчето.Обвинетиот за убиството нема државјанство, се води како странец со привремен престој во земјава, неписмен е, и е татко на четири деца. Пред 12 дена му се родило четвртото дете.Судскиот процес беше одложен, бидејќи адвокатката на обвинетите, Светлана Тодоровска, немала пет години работно искуство, коешто, според новиот Кривичен законик е потребно кога му се суди на лице на кое му се заканува казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор. Убиецот е во притвор додека неговата невенчана сопруга има забрана да го напушта Скопје и забрана да ги види своите две малолетни деца кои се згрижени во старателско семејство.Двете семејства, кои биле соседи за време на убиството живееле заедно. Додека мајката била на работа, соседите го чувале убиеното девојче, Мевљана и нејзиниот постар брат. Девојчето се измокрило на тепихот, па Џемаил го претепал до смрт со електричен кабел.Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.По трагедијата и’ се јавиле и и’ рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна. Повредите покажувале дека девојчето било често тепано.На неа имало модрици, крвавење, ѝ биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на девојчето била скршена пред околу две седмици пред трагедијата.Смртта настапила како последица на шок од целокупната комбинација на повреди. Судскиот процес ќе продолжи на 12-ти декември./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

