Црна хроника
Македонец починал гол по 17 дена во американски затвор
Триесет и две годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници, починал во ужасни услови во затвор во Детроит, објавија американските медиуми, пренесе Република.
Триесет и две годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници, починал во ужасни услови во затвор во Детроит, објавија американските медиуми, пренесе Република.
Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари заради непрописно возење, затоа што не можел да ја плати, а веќе 17-от ден починал во една од ќелиите гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош, а за тоа време ослабел 25 килограми.Давид бил наркозависник на рехабилитација и примал метадонска терапија, но не добил соодветна детокс-ќелија, ниту пак, нега и помош. Откако почнал да се однесува чудно, да халуцинира и зборува сам со себе, Стојчевски бил преместен во ментална ќелија на набљудување во случај да се самоубие, кадешто на затворениците не им е дозволено да носат облека заради сопствена безбедност.На видеото се гледа како неговото тело трепери додека тој лежи на ладниот под во ќелијата сè до неговата смрт. Давид умира гол во американскиот затвор.Неговото семејство тврди дека тој бил запоставен додека бил во затвор и сака целиот свет да ја види агонијата на нивниот син, за во иднина да не се повтори./крај/р/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

