Црна хроника
Македонецот обвинет дека соработувал со IS не се чувствува виновен, давал мeдицинска помош
Шестмина од 11-те обвинети во случајот „Келија“, кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава (IS) која зазема големи територии во Ирак и во Сирија, пред судот во петокот ја признаа вината, а другите петмина, меѓу кои и Македонецот кој преминал во ислам, Стефан Стафановски, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата коишто им се ставаат на товар.
Некои од обвинетите ја признаа вината подоцна, за да можат да се спогодат со Јавниот обвинител во овој случај во оваа фаза од постапката, кога не е започнато судењето, односно на рочиштето за оцена на обвинителниот акт.Адвокатите на обвинетите реагираа дека нивните клиенти ги немаат видено доказите за да можат да се произнесат дали се чувствуваат виновни, но поради спогодбата некои од обвинетите ја признаа вината.Оџата Реџеп Мемиш од скопската Тутунсус џамијата кој се товари дека ширел радикален ислам, првично рече дека не се чувствува виновен и дека не ги видел доказите, но потоа се премисли и ја призна вината за да не го изгуби правото на спогодба. Ахмет Дарлишта веднаш ја призна вината, како и обвинетите Мухамед Шеху и Ресуљ Саити, а освен оџата се премислија и Фазљи Суља и Сејфула Етемовски.Останатите петмина обвинети, Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Мухамет Имери и Стефан Стефановски изјавија дека не се чувствуваат виновни.Стефановски кој потоа го нарекувале Суфијан, има завршено медицински факултет во Скопје и е лекар по професија. „Како медицинско лице не се чувствувам виновен. И на медицинскиот факултет нé учеа да им помагаме на сите оние на кои им е потребна медицинска помош без разлика на вера“, рече Стефановски.Имери на крајот на рочиштето дофрли дека сето „ова што се прави“ со нив е пропаганда. „Сите тука сме невини, со сила сакаат да завршиме во затвор“, рече Имери. Адвокатот на дел од обвинетите кои ја признаа вината, Ангел Ѓорѓиев, вели дека обвинетите ја признале вината за да може да ја искористат можноста за спогодување. „Покрај приговорите, ние ја изнесовме и подготвеноста за признавање на вината, што упатува на одложување на рочиштето за оцена на обвинителниот акт со можност за спогодување со застапникот на обвинението. Ова денеска не значеше признавање на вина, туку подготвеност за да можеме да ја искористиме можноста за спогодба со обвинителот“, рече адвокатот Ѓорѓиев.Адвокатите на другите обвинети што не ја признаа вината, Ефто Спировски и Асмир Алиспаиќ, се изненадени од подготвеноста на дел обвинетите да ја признаат вината.„Јас и мојот колега Алиспаиќ сме изненадени од подготвеноста на некои осомничен и за признавање на вината, нашите клиенти не признаа вина. Оние кои изразија подготвеност, пак, кога беа прашани за што признаваат вина ,тие не можеа да одговорат бидејќи не ги виделе доказите што мене ми е многу чудно“, рече адвокатот Ефто Спировски. Според обвинението, кое го застапува Обвинителот Владимир Милошевски, една група обвинети подготвувале лица кои ќе одат да учествуваат во странска војска, друга група обезбедувале парични средства и друга поддршка во материјална смисла за лицата да бидат подготвени за пат пред и за време на нивното учество во странска војска, а третата група учествувала во борбите на страната на Исламската држава во Сирија. Оние кои ја признаа вината ќе се упатат на спогодба со Јавниот обвинител, а следното рочиште за оценка на обвинението е презакажано за на 25-ти март./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

