Црна хроника
Малолетник повредил двајца со клешта и со нож
Малолетник нападнал двајца со клешта и со нож, при што тешко ги повредил во Крива Паланка, јави полицијата.
Имено, во средата, околу 21 часот во Крива Паланка на ул. „Единство“, по претходна расправија и нарушување на јавен ред и мир, шеснаесетгодишник со клешта ја удрил С.А. (18) од Крива Паланка, при што и нанел телесни повреди во пределот на главата. Потоа со нож му нанел два убода во пределот на левиот колк на А.А. (25) од Крива Паланка. На повредените им била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Крива Паланка, по што се пуштени на домашно лекување. Во 23.50 часот сторителот е приведен во полициската станица Крива Паланка, со него е извршен разговор по што е ослободен. Со Потврда за привремено одземени предмети одземени се клештите и ножот, а по наредба на Јавен обвинител против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „убиство во обид“. Увид извршила екипа од полицијата од Крива Паланка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

