Црна хроника
Малолетник во Гостивар прободен со нож во стомакот
Малолетник од село Добридол бил прободен со нож во стомакот во четвртокот попладне во центарот на Гостивар на улицата „Браќа Џиновски“.
Шеснаесетгодишното момче во четвртокот во 19.25 часот било однесено во Медицинскиот центар во Гостивар, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.Малолетникот бил прободен во тепачка меѓу две гупи, од едната страна учествувале дваесет и едногодишник и дваесет и двегодишник од село Топлица, а од другата страна учествувале шеснаесетгодишното момче и седумнаестгодишник од Сенокос. Во еден момент дваесет и двегодишното момче извадило нож и го прободело малололетникот во стомакот. Напаѓачите се приведени, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

