Црна хроника
Малолетници се тепале во автобус на ЈСП, едниот расечен
Во петокот околу пладне, малолетници на возраст од околу 16, 17 години се тепале во автобус на јавното сообраќајно претпријатие Скопје, при што едниот добил расеченица на потколеницата.
Имено, како што соопшти полицијата, околу 12,15 часот во Скопје во автобус на ЈСП линиски број 65Б, кој се движел во правец кон село Смилковци, додека 16-годишно малолетно лице од село Црешево – Скопје заедно со уште неколку лица седеле на вториот кат од автобусот, на постројката пред бензинската пумпа лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“ се качиле три засега непознати машки лица на возраст од околу 16-17 години и седнале во близина на оштетениот.
Во еден момент едно од лицата дошло до оштетениот и физички го нападнал со тупаници и клоци, при што му се придружиле и другите лица кои продолжиле да ги удираат, влечат и малтретираат оштетениот и уште едно лице.
Еден од сторителите кој држел нож во рацете, го доближил до вратот на едно женско лице. Во тој момент оштетениот со намера да го оттргне сторителот го турнал, а потоа сторителите со ножеви замавнувале кон оштетениот и неговиот пријател при што му нанеле расекотина на десната потколеница.
По кратко време откако се отвориле вратите на автобусот, сторителите побегнале.
Се преземаат мерки за пронаѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.