Црна хроника
Младо момче пронајдено мртво во скопско Влае

– илустрација
Мртво тело на 23 годишно момче било пронајдено во четврток попладне во стан во скопската населба Влае.
Мртво тело на 23 годишно момче било пронајдено во четврток попладне во стан во скопската населба Влае.
Како што соопшти полицијата, околу 16.00 часот во ЕИК-Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Иван Цанкар“ починало лицето М.А.Б. (23) од село Добрејци, струмичко. Истиот бил пронајден од страна на неговиот другар во легната положба на креветот до кој имало траги од крв и повеќе шприцови. Додека, до креветот на починатиот бил пронајден и пиштол непозната марка (црна боја) на кој пишувало 9мм со пригушувач на звук. По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.