Црна хроника
Момче од Студеничани е другото машко лице најдено мртво во автомобил кај Драчево
Полицијата го идентификуваше и второто машко лице кое беше најдено мртво во понеделникот вечерта на локалниот пат од скопското село Драчево кон селото Долно Количани.
Според информации од МВР, станува збор за седумнаесетгодишниот Адем В. од скопското село Студеничани кој исчезнал од дома на 29-ти август, а бил пријавен за исчезнат истиот ден кога се случило убиството, исто како и втората жртва.Засега не се знаат мотивите за убиството и самоубиството и не се знае кој од двајцата пукал, па потоа се самоубил. Другото мртво момче кое беше најдено во автомобил „ровер“ во нива кај Драчево, е дваесет иосумгодишниот Светислав Р. од Кичево. .Во автомобилот најден е пиштол којшто е предаден на вештачење и треба да се утврди дали било пукано од него, а телата на починатите се предадени на обдукција.Обвинителството работи на расчистување на случајот, ќе следи и донесување на наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

