Црна хроника
Момчето и девојката во Битола биле најдени голи на кревет покрај тоалетот
Безживотните тела на момчето и девојката биле најдени на кревет покрај тоалетот во собата во мотелот „Пржо“ во Битола, без облека, во фаза на распаѓање.
Телата на починатите ги нашле вработени во мотелот во понеделникот околу 16.30 часот, откако се посомневале, бидејќи од собата никој подолг период не влегувал и не излегувал.Вратата била насилно отворено, бидејќи била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата. Засега од полицијата не соопштуваат дали на телата на починатите имало траги на насилство, и како настапила смртта.Од СВР Битола велат дека обдукцијата не е завршена и дотогаш не можат да даваат информации за причините за смртта.Во собата во мотелот биле најдени документи за идентификација и увидната екипа и констатирала дека станува збор за триесет итригодишниот И.К. и дваесет иседумгодишната И.Ѓ од Битола. Момчето ја изнајмило собата на 24-ти октомври за неколку дена, и подолго време никој не излегувал од неа. Смртта ја констатирала екипа на итната медицинска помош од Битола./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен охриѓанец
Синоќа во 19:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(40) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Берово: пијан и без возачка управувал противправно одземено возило, а се обидел и да избега од полицијата
Ноќеска во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 25-годишниот Е.Џ. од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ.
При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

