Црна хроника
Мострумот се однесувал како ништо да не се случило
Познаниците на осомничениот за свирепото убиство на тинејџерката Тијана Јуриќ велат дека тој со денови по убиството се однесувал нормално и дека никој не можел да насети што се има случено.
За отстуство на било какво каење од страна на уапсениот Драган Ѓуриќ говореше и српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
Познаниците на Ѓуриќ велат дека во деновите по убиството на Тијана не забележала ништо чудно во неговото однесување.
Неговотие соседи и пријатели од детството велат дека во родното место Алекса Шантиќ, престојувал само неколку пати во изминатите 20 години, откако се преселил во Белград. Во куќата во која пораснал бил ноќта пред убиството на Тијана, а во селото бил и неколку дена подоцна, на 2 август.
„Го познавам 20 години, игравме фудбал, сите стоевме добро со него, цел Шантиќ го познава. Овакво нешто никој не можеше да очекува. Се видовме на 2 август, испивме по еден пијалок, се разделивме како да не беше ништо. Не разговаравме за ништо посебно, тој рече дека ќе оди за Белград“, вели Горан Марковиќ, другар од детствто на Ѓуриќ.
Тој додава дека Ѓуриќ му се јавил подоцна и му рекол дека ќе дојде по автомобилот што го оставил во селото.
Постарите жители на Алекса Шантиќ, родното местото на осомничениот Ѓуриќ, шокирани се од веста дека 34-годишникот е уапсен за убиство на 15-годишната Тијана. Наведуваат дека Ѓуриќ во младоста сакал да се степа, но не и да краде.
Министерот Стефановиќ, кој на прес конференција изнесе детали за убиството, рече дека осомничениот бил уапсен на работното место, кадешто се однесувал како ништо да не се случило, како и дека за време на испитувањето не искажал знаци на каење.
Експертите најавуваат дека целиот случај ќе биде анализиран, со оглед дека не станува збор за вообичаена патологија во српското општество./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

