Црна хроника
Му затропале на врата и го претепале
Неколку лица во саботата попладне нападнале скопјанец кој со повреди завршил во болница.
Две лица кои се идентификувани заедно со уште неколку непознати лица дошле до куќата сопственост на четириесет и осумгодишен скопјанец.
Затропале на вратата и кога сопственикот ја отворил вратата почнале да се караат, а потоа го нападнале со тврд предмет.
Нападнатиот се здобил со телесни повреди и бил префрлен во градската болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во простории на здружение во Аеродром почина жена откако и се слошило
Вчера во 13.06 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во службени простории на здружение, на подрачјето на општина Аеродром, на Ѓ.А.(76) од Велес и се слошило и починала.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Црна хроника
Повреден полицаец, со возило на МВР излетал од патот во Скопје
Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен охриѓанецот кој со нож се обидел да убие маж во казино во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, вчера во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Л.У., а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.