Црна хроника
Музичарот Маџиров повреден во сообраќајка, во кома префрлен на Клиниката за неврохирургија
Музичарот Зоран Маџиров е тешко повреден во сообраќајка што се случила во петокот попладне во 16.10 часот на магистралниот пат А-4, Штип – Радовиш на 2 километри после крстосница, 20 километри, во насока на движење кон Радовиш.
Несреќата се случила при разминување на влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучна полуприколка „шмитз“ управуван од триесет и деветгодишен кумановец, и автомобил „мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од четириесет и осумгодишниот Маџиров.
Во сообраќајката тешко повреден еМаџиров, во кома со крварење во черепна регија и повеќе рани во главата.
Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица од каде како итен случај бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје на клиниката за Неврохирургија.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип. Сообраќајот бил во прекин до 20.50 часот, а потоа е целосно нормализиран./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

