Црна хроника
МВР го потврди идентитетот на близнаците кои загинаа во Кисела Вода
Двајца близнаци на 30-годишна возраст од Скопје се жртвите од страшната сообрајќајна несреќа којашто во саботата попладнето се случи во скопската населба Кисела Вода, а повредени се уште пет лица, патници во автобусот кој учествуваше во несреќата.
Тешката сообраќајна несреќа во којашто животите на самото место ги загубија во која Никола С., кој управувал со возилото „рено 19“ и неговиот близнак Љупчо С. се случила околу 17,30 часот на улицата „Христо Татарчев“ , во висина на локацијата Расадник, кога починатите од правец на анселбата Припор се судриле директно во автобус број 24 на скопското јавно транспортно претпријатие.
Со телесни повреди со различна тежина притоа се здобиле пет патници од автобусо, кои биле пренесени во Гратската општа болница „СветиНаум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР
Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија.
Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот, најави полицијата.

