Црна хроника
МВР објави видеа од протестите за „Монструм“ со апел до граѓаните да пријават некое лице доколку го препознаат
Министерството за внатрешни работи објави видео снимки од насилниот протест што се одржа минатиот петок во Скопје против пресудата во случајот „Монструм“ и упати апел до граѓаните доколку препознаат некое лице на снимките да пријават во полициска станица или на телефонот 192.
„Врз основа на овие видео снимки, но и снимките од медиумите Министерството за внатрешни работи досега идентификуваше голем дел од најекстремните и најагресивните насилници кои минатиот петок дивееја во центарот на Скопје, повредија 30 полициски службеници и демолираа згради на државни институции. Доколку кој било граѓанин препознае некого од хулиганите, може да го пријави истото на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Без разлика дали пријавата би била анонимна, соодветните полициски служби ќе постапат и доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, се вели во соопштението објавено на веб страната на МВР.
МВР апелира граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во какви било насилни инциденти, бидејќи, како што велат од министерството, ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.
Видео снимките се објавени на веб страната на МВР, на следниот линк – http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13697&mid=1367&tabId=358&tabindex=0крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

